Потпишан Меморандум за соработка КЦК со USAID за Сајбер безбедност во образовниот процес
Покрај тековните активности на КЦК чијашто главна цел е инспиративно и иновативно привлекување на учениците за креативен ангажман, КЦК станува сериозен партнер и на многу важни организации во светот.
Така, на 21.10.2024 Креативниот Центар Карпош потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за меѓународна соработка на САД – United States of America Agency for International Development (USAID) за сајбер безбедност во образованиот процес како и за сите учесници во него (ученици, наставници, родители).
Горди сме на оваа соработка особено што преку оваа соработка ќе се обезбедат суштински ресурси во сајбер безбедноста – во вид на обуки за професионален развој на наставниот кадар за градење на нивните капацитети како и нивно менторирање со цел да зајакнат вештините и да се зголеми нивната компетентност во образовниот процес.
Ова партнерство ќе создаде Cyber Hub кој ќе претставува центар на знаење за наставниците и учениците, промовирајќи одржливо учење и унапредувајќи ја посветеноста на различностите и вклучување во сајбер безбедноста, особено за припадничките на понежниот пол, односно жените. Заедно УСАИД, градиме одржлива иднина во образованието за сајбер-безбедност.
![]()