На 14-ти декември во Центарот за екологија на КЦК кој се наоѓа во ООУ “Јан Амос Коменски” се одржа интересна работилница на која учествуваа 20-на ученици и наставници од училиштата во Карпош.
Имено, под “диригентската” палка на експертот за сајбер сигурност г-ѓа Лилјана Пецова Илиеска и со асистенција на претседателката на КЦК, проф. Александра Блажевска се одржа работилница на која се симулираше сајбер напад на компанија од енергетскиот сектор. Откако присутните се запознаа со поими и примери за сајбер напади и заштита од нив во што учествуваше и основачот на КЦК, Акад. Зоран Т. Поповски, преку игра се симулираше нападот.
Предвидувањето, комбинаториката и одличните одлуки на креативците и наставниците се само доказ колку оваа тема беше интересна за сите. Ова е нова содржина во програмата на КЦК која во иднина ќе се обидеме да ја интегрираме во наставата во училиштата чиј основач е општина Карпош. Одиме понатаму!