КЦК старата 2024 година ја испраќа во историја со незаборавна работилница која се одржа на 28.12. на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.
Петнаесетина креативци-ученици и неколку повозрасни креативци под диригентската палка на проф. Мето Најдоски присуствуваа на визуелни и звучни ефекти кои сами ги креираа.
Така 2024 година ја испратија со спектакуларен огномет и со бројни светлечки финти кои се користат во филмската индустрија и во театарската уметност.
Иако малку подоцна од вообичаено, креативците уживаа во расветлувањето на темнината пред Новата година.
Епа, нека ни е и ви е среќна и бериќетна Новата 2025 година.
Се гледаме догодина!

