И во 2025 година продолжува децениското партнерство меѓу општина Карпош и Креативниот центар Карпош (КЦК). Едно е да знаеш, а друго да умееш. Со оваа своја филозофија КЦК на 18-ти февруари за првпат ги промовираше сетовите за електролиза кои може да се користат во наставата по хемија и физика. Имено, во ООУ “Јан Амос Коменски” во присуство на наставниците по овие предмети од 10-те основи училишта во општина Карпош и претставници на општината, проф. Методија Најдоски од ПМФ ги демонстрираше експериментите од овие сетови кои се подготвени за сите овие училишта. Во секој се предвидени по 5 експерименти кои ќе им помогнат на учениците полесно да ги разберат овие наставни содржини. Со ваквиот пристап општина Карпош продолжува да биде лидер во осовременувањето на наставата во Македонија.
