Мобилните телефони и некои други дигитални алатки освен за комуникација може да се користат и за други, можеби поважни работи. Така денес 15-на креативци од училиштата во Карпош во една лежерна атмосфера, под ведрото небо на Скопје, во дворот на ОУ “В.Ц.Трена” програмираа на дланка. Под менторство на младата инженер-информатичарка Зорица Карапанчева запловија во водите на програмирањето.
Секој од присутните креативци по модел на веб страната на КЦК си креираше своја веб страна.
https://codepen.io/Zorica-Karapanceva/pen/RNNddom
Интересот кај младите беше огромен, а задоволството од стекнатото знаење и вештини беше очигледно и потврдено преку анонимната анкета која традиционално ја организираме по секоја работилница. Можеби денес некој од креативците си ја избра својата идна професија.
На крајот мора да се истакне дека ова е прва работилница од ваков вид во текот на 10 годишното постоење на КЦК. Одиме понатаму!
