Вистинска уметност е кога истражувањето се прави низ игра. Е тоа денес им појде од рака на младите креативци кои под менторство на наставничката Дивна и асистентката Зорица ја реализираа работилницата ВЕСЕЛА ГРАДИНА. Оваа игра низ наука се случи во пластеникот на КЦК кој се наоѓа во училиштето ВЦТ. Играта имаше три дела. Првиот се состоеше во креирање свој екосистем во тегла, вториот во создавање на висечки мини-градини и третиот во креирање и садење на саксии во форми и бои по желба на креативците. Така секој од нив си направи свој екосистем, своја висечка мини градина и своја саксија-играчка.
Со нив се договоривме на почетокот на идната учебна година во септември да ни испратат фото материјал од состојбата на нивните денешни креации.
На крајот учесниците се запознаа со резултатите од експериментите поставени минатата година во рамки на работилницата СЕЕМЕ И САДИМЕ, а кои се однесуваа на фотосинтезата и развојот на насадите. Како и секогаш и овојпат лицата на креативците покажуваат како си поминале денес и покрај топлото време.
Одиме понатаму!