Овој викенд (08.11) во рамки на Центарот за Храна, се спроведе работилница каде учениците од Карпош се за познаа со основите на лабораториската работа и макронутриентите во храната кои се неопходни и воедно составни делови на храната која ја конзумираме. Експериментите опфатија докажување на хлорираност на водата, како и присуство на амоњак, додека кај храната се работеше на протеините, јаглехидратите, шеќерите и мастите. 

До следното видување, КЦК продолжува напред со полна пареа!