Мадам Тисо во Лондон е веројатно најпознатиот музеј на восочни фигури во светот. Е, денес восочните фигури се појавија и во КЦК. Во тајните на восочната уметност младите креативци ги воведоа Вероника која со години се занимава со оваа уметност и Даниела која е наш чест активист. На почетокот се топеше восокот во зрна, се подготвуваа садови, бои и ароми.
Домаќин на оваа наша работилница беше средното градежно училиште “Здравко Цветковски” чии врати ни ги отвори проф. Јасмина. Во тој магичен простор низ воздухот се чувствуваше младешкиот ентузијазам и креативноста. Крајните резултати и креации покажаа дека дваесет и двајцата креативци во овие неколку часа длабоко навлегоа во оваа форма на уметност. Насмеаните лица и фигурите се тоа што останува. Одиме понатаму!
