Денес во Центарот за енергетика и климатски промени кој се наоѓа во ООУ “Димо Хаџи Димов”, креативците се дружеа со електротехниката. Имено, 15-на ученици од училиштата во Карпош под менторство на искусните професори Ефтим и Ивица за првпат го користеа новиот сет за електротехника на КЦК.
На почетокот се потсетија што се: еднонасочна струја, напон, јачина, отпор и струјно коло. Потоа сите учествуваа во изведување на 10-на вежби во кои користеа извори на струја, сијалички како потрошувачи, отпорници, прекинувачи, потенциометри, ампер и волтметри.
Неколкуте саати поминаа како од шала, а на крајот се договоривме догодина КЦК да набави уште најмалку еден ваков сет за да се зголеми и бројот на експериментите.
Како и да е, уште едно прекрасно поминато саботно претпладне во КЦК.