За првпат во своето постоење КЦК на 20.11 реализираше работилница во работен ден и помина одлично. Полн кабинет со супер мотивирани креативци под водство на двете извонредни наставнички Олгица и Дивна и успехот беше неминовен. Во текот на работилницата која се одржа во Центарот за ботаника и микологија во  ООУ “Петар Поп Арсов” прво учениците направија едно мини теренско истражување околу стакленикот во Центарот за храна во ООУ “В.Ц. Трена”.  Потоа ги проучија  градбата и улогата на габите во природата и ги запознаа и најпознатите видови габи во Македонија. Разговараа и за јадливоста, но и за отровноста на печурките и како да се заштитиме од евентуални труења предизвикани од габи. Овде уште еднаш се случи комбинацијата од ентузијазам, креативност и дружење. И така во КЦК се случи уште еден прекрасен настан кој видовме дека може да се одржи и во петок. Одиме понатаму!