Најчесто, работилниците во КЦК се од материјална природа со експериментирање, истражување, мерење… овојпат работилницата во организација на Креативен Центар Карпош – КЦК , беше во поинаков контекст со акцент на меките вештини. 20-та креативци на еден поразличен начин ја осознаа важноста на комуникацијата и тимската работа . Дали секоја група е тим или не? Што значи ефикасна и ефективна комуникација? Обучувачот Павле Зимбаков на еден непосреден и искуствен начин низ игра ги воведе во овие исклучително важни вештини. При тоа се симулираа примери од секојдневието во односите меѓу младите, на училиште или меѓугереациските релации. Многу е важно да се истакне интересот кај креативците кои многу активно учествуваа во реализација на оваа исклучително успешна работилница.
