Ете и тоа денес ни се случи во КЦК. Во студиото на нашиот најпознат композитор, аранжер и продуцент Александар Масевски во текот на работилницата едноставно снема струја. Среќа што претходно Масе на 15-ината креативци им го објасни процесот на “производство” на музика, како се “мечуваат” текстот, музиката и аранжманот, а ги запозна и со својот нов проект/производ.

Но, и немањето струја не беше пречка за муабет во кој многу активно се вклучија и креативците. Во “романтична” атмосфера се зборуваше за нови технологии и жанрови во музичката индустрија, за организација на едно музичко студио, за влијанието на вештачката интелегенција во музичката продукција, за судирот на старите вредности и новите трендови во музиката…

Голема чест ни направи и присуството на нашата претставничка на Детскиот евросонг, Нела која идната недела ќе ја претставува Македонија на овој музички настан во Тбилиси, Грузија. И ја посакуваме сета среќа на Нела.

Одиме понатаму😃