Денес беше вистинско задоволство да се биде меѓу креативците на работилницата која се одржа во пластеникот на КЦК кој се наоѓа во ООУ В.Ц. Трена. Посебен белег на настанот дадоа неколку ученици од одделенската настава кои во ништо не заостануваа зад своите поголеми другарки и другари – креативци.

25-темина креативци создаваа свој екосистем во терариум кој си го направија за дома.

Потоа ги анализираа житните зрна кои ги засадија пред десетина дена и сега се претворија во житна трева.

Не помалку интересни беа висечките саксии кои беа засадени со различни растенија.

Во духот на новогодишната и божикна атмосфера од пластични шишиња и од шишарки направија прекрасни украси со кои ќе си ги разубавуваат своите домови.

И сето ова ќе беше невозможно без ентузијазмот и креативноста на аниматорите Дивна и Зорица.

Така започна новогодишната еуфорија и во КЦК со оваа прекрасна работилница.

🎅🌲🤶🌲🧑‍🎄