Денес КЦК имаше привилегија да се дружи со најмладите жители од општина Карпош во градинката “Мајски цвет” која се наоѓа кај Млечен ресторан.

Проф. Елизабета Мискоска-Милевска и проф. Зоран Поповски од Земјоделскиот факултет организираа 6 експериментални катчиња во кои беа поставени неколку опити.

На првата станица  неверојатно љубопитните умни главчиња се запознаа со метеоролошката станица која мери брзина на ветер, температура и количина вода од дожд и снег.

На втората станица дечињата се запознаа со  Жаре – желка која својот дом го имаше во аквариумот во кој имаше и микроскоп и хранилка и капки за очи.

Третата станица послужи на децата да им се покаже дека и компирот произведува струја.

Во четвртата станица дечињата се запознаа со растење на растенија од семчиња. При тоа беше направена споредба на растенијата и животните.

Следната станица беше наменета за проверка на значењето на витаминот С и докажување на неговото дејство врз ризиците. На оваа станица дечињата набљудуваа разлика меѓу чиста и загадена вода.

И на последната станица децата направија вулкан од сода бикарбона.

И така помина уште еден незаборавен ден во КЦК во друштво со овие прекрасни и умни дечиња.

КЦК изразува голема благодарност до персоналот на градинката кои со својот  ангажман придонесоа за овој убав настан на кој ичествуваа над 40 дечиња. Одиме понатаму.