ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КЦК АЛЕКСАНДРА БЛАЖЕВСКА Е ЕДНА ОД ПОБЕДНИЦИТЕ НА КОНКУРСОТ „НАЈООР НАСТАВНИК/НАСТАВНИЧКА ВО 2020“

http://oer.mk/2020/11/pobedniczi-na-konkursot-na%d1%98oor-nastavnik-nastavnichka-od-osnovnoto-obrazovanie-za-2020-godina/#more-3314

Фондацијата Отворено општество во периодот од 1.08.2020 до 1.11.2020 организираше конкурс на темата „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“  чија цел беше да се истакне важноста на користењето отворени образовни ресурси во наставниот процес, и да ја промовира наставничката професија.

Според правилата на конкурсот, експертска комисија, составена од непарен број членови, согласно системот на бодување,  изработи ранг- листа на 10 највисоко рангирани наставници и наставнички (на одделни ресурси),на врвот на листата како трето рангирана се најде и нашата претседателка Александра Блажевска која работи во  ООУ „Јан Амос Коменски“- Карпош, Скопје. Покрај признанието нашата претседателка доби како  награда  преносен компјутер – лаптоп и smart табла за училиштето.

Е баш сме горди на нашата претседателка!

Нека оваа награда биде поттик и за другите наставници да вложуваат во себе и да ги споделуваат своите ресурси под лиценца Creative Commons, со цел да го подигнеме квалитетот на образованието во општина Карпош и во  нашата држава.