Пред 20-ина години со неколку мои колеги (Мите, Љупчо, Славе) ентузијастички направивме една серија насловена како Биолошкото наследство на Македонија. Таа се состоеше од 12 епизоди во кои се обидовме да спакуваме најголем дел од живиот свет во Македонија. Бидејќи една од мисиите на Креативниот центар Карпош е да помогне во осовременување на наставата, деновиве на 10-те училишта во општина Карпош им подарив по една едиција од овие 12 наставни филмови. Е па драги креативци, со здравје да се служите.