Во јуни нашата инструкторка Биба ги изненади учениците од во ООУ „Владо Тасевски“ влегувајќи на час и поканувајќи ги малку да се релаксираат со вежбите кои ги развивме во рамките на проектот „Кинестетичка училница“. Тие заедно со нивната учителка Верче се израдуваа и почнаа прво да се забавуваат низ лесни вежби и игри во училницата, а потоа излегоа и во училишниот двор. По овој краток активен одмор, орни се вратија за да си го завршат училишниот ден. За ова најдобро зборуваат и сликите кои ги направивме за време на овој Brain Break.