До наставниците по хемија

во општинските основни училишта во општина Карпош

 

ПРЕДМЕТ: Покана за отварање на Еколошката станица и за организација на работилница за хемиски експерименти во воннаставни активности

 

Почитувани,

По, веруваме успешниот семинар за реализација на експерименти по предметот хемија во осмо и деветто одделение одржан на 27 август, Креативниот центар Карпош организира работилница за хемиски експерименти во воннаставни активности за наставниците по хемија.

Реализатор и на оваа работилница ќе биде проф. д-р Методија Најдоски од Природноматематичкиот факултет.

Работилницата ќе се одржи на 8.11.2015 година (недела) од 11 до 13 часот во Еколошката станица на Креативниот центар Карпош која се наоѓа во просториите на ООУ „Вера Циривири – Трена“ што воедно ќе значи и отпочнување со работа на оваа станица.

Овој настан е во рамки на одбележување на Денот на општина Карпош.

По завршување на работилницата, учесниците ќе добијат сертификати од КЦК и за претходната и за оваа обука.

Со почит,

 

Креативен Центар Карпош 

Раководител,

 Проф. д-р Зоран Т. Поповски

 

Општина Карпош

Градоначалник,

 Г-дин Стевчо Јакимовски