“Супер е да си по науката, технологија, инженерството и математиката”
Од 23.04.2018 Креативниот центар Карпош се вклучува во кампањата за привлекување на младите кон професии кои се поврзани со природните науки и техниките. Така, денес Центарот за екологија при ООУ “Јан Амос Коменски” организираше настан насловен како “Тајните на кристалите”. Неуморниот претседател на КЦК и Scientix амбасадор во Македонија, наставничката Александра со асистенција на вредниот Томе им ги отворија одаите на дваесетина ученици од општина Карпош да влезат во скриените тајни на светот на кристалите. Креативците нављудуваа, претпоставуваа, експериментираа и заклучуваа трасирајќи си го својот пат во науката. А во прилог се и доказите. Браво креативци!