На 14.03.2023 год. во просториите на нашиот домаќин и поддржувач – општина Карпош се одржа изборно собрание на КЦК на кое присуствуваа 8 од 11-те основачи на КЦК и неколку гости.

На собранието се усвои извештајот за работа на КЦК за периодот 2018 – 2022 година, во услови на целосно игнорирање на поранешното раководство на општината и во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19. И во такви услови, а со проекти од МЖСПП, ФИТР и донации од приватни проекти КЦК опстои организирајќи виртуелни работилници, снимајќи документарен филм во соработка со МТВ, реализирајќи проекти „Зелени стапалчиња“ и „Стакленик“ и многу други активности.

Заради овие достигнувања на собранието за претседател на КЦК беше реизбрана Александра Блажевска – наставник од ООУ „Јан Амос Коменски“, а за секретар М-р Томе Несторовски – млад истражувач од Факултетот за ветеринарна медицина. Воедно беа реизбрани и другите членови на извршниот одбор Томислав Поповски и Дивна Карапанчева, како и основачот на КЦК Акад. Зоран Т. Поповски.

На крајот беше усвоена програмата за работа на КЦК за 2023 година која врз основа на договорот за соработка со општина Карпош опфаќа: организација на најмалку 15 работилници во единиците на КЦК, организација на обука на наставници, изработка на сетови за експериментирање во хемијата, истражувачки караван низ други општини заради ширење на мисијата на КЦК и набавка на нова опрема за потребите на КЦК.