Понекогаш знае некој да каже дека хемијата е тешка, па дури и досадна за учење. Ама не е баш така. Дали можете да замислите дека хемијата може да биде и основа за играње и забава. Е баш тоа се случи во Креативниот центар Карпош. Имено, вчера во центарот за екологија при ООУ „Јан Амос Коменски“, 20  ученици од 9 одд. од десетте основни училишта во Карпош во рамки на фестивалот It is COOL to be STEM 2  учеа хемија на забаве начин. Јонски покер, хемиско домино, јонски партнер  се само дел од игрите кои денес се  организираа во  работилницата “Хемиски игри во училницата“ под менторство на проф. д-р Марина Стојановска од Институтот по хемија при ПМФ… Учење хемија низ игра одличен начин да се привлече  вниманието на учениците. Продолжуваме во вторник со решавање на „Проблемите во пекарницата“ следете не…