Изминатиот викенд, во Центарот за дизајн и роботика во рамките на Креативниот центар Карпош младите креативци беа воведени во тајните на дизајнот. Шеснаесет ученици од училиштата во Карпош под менторство на младиот дизајнер Томи Поповски изработуваа модели на предмети рециклирајќи пластика, хартија, волница… Ова е прва работилница од циклусот во кој креативците-дизајнери во текот на март и април ќе работат и на полето на графички дизајн, дизајнирање на ентериер, автомобили… Само напред.