На 23 и 24 март на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа споменатата конференција со учество на неколку стотини наставници и претставници на образовната администрација од повеќе земји. На оваа конференција, претседателката на КЦК Александра Блажевска го промовираше Креативниот центар Карпош како уникатен модел за обезбедување услови за откривање, следење и развој на ученици заинтересирани за истражувачка работа. Не е нескромно ако кажеме дека КЦК предизвика голем интерес и дебата меѓу присутните. КЦК вети дека ќе организира караван за своја промоција низ Македонија, во надеж дека некаде ќе се роди нешто слично. Како и да е, ова беше извонредна можност, за КЦК да се чуе надвор од општина Карпош.