На гости кај Професорот Методија Најдоски од Хемискиот институт на ПМФ, 24 креативци од Креативниот центар Карпош на 16-ти март си играа со оган. Буквално. Три часа траеше дружбата на учениците од 10-те основни училишта во Карпош со овој ентузијаст, кој освен што е професор е и пиротехничар на бројни театарски претстави и филмови. Од барут, нитроцелулоза, метална прашина, полен користејќи разни реквизити н’е оставаше без здив правејќи експлозии, огнени топки, огномети и други чаролии. Ама тоа не го правеше сам. Напротив. Сите присутни го поднаучија занаетов. Се разделивме со ветување за повторна средба, сега некаде на територија на Карпош. Туку да не заборавам да ја потсетам општина Карпош дека КЦК и понатаму постои и функционира. Не е лошо некогаш и да н’е посетат. 😊
иропиро