Пред повеќе од 6 години започна приказната за Креативниот центар Карпош како организација која требаше да создаде услови на учениците од општината да им се доближат науката и истражувањето. Со други зборови, преку десетте центри во сите училишта чиј основач е општина Карпош да им се овозможи да се занимаваат со нешто што ги интересира надвор од наставата, барајќи ја можеби и својата идна професија.
И така со голема подддршка на тогашниот, а и сегашен градоначалник Стевче Јакимовски КЦК почна да расте. Беа организирани над 40 работилници на различни теми од природните, биотехничките, техничите и општествено-хуманистичките науки во кои учествуаа над 500 ученици од карпошевите училишта и над 20 врвни научници и млади истражувачи како аниматори. Работилниците имаа лабораториски или теренски карактер, или беа организирани посети на соодветни институции каде што на креативците им беа раскажувани и прикажувани „приказни за водата, струјата, животните, културното наследство, архитектурата… Овие работилници и во услови на пандемија продолживме да ги организираме во виртуелна форма. КЦК организираше и неколку обуки на наставници за примена на експериментирањето во наставниот процес, а беше набавена опрема и показни материјали кои можеа да се користат и во текот на наставниот процес.
КЦК и неговите центри во изминатиот период поднесоа апликации и добија неколку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за екологија, но последните години КЦК беше заборавен од општината Карпош во чии рамки и за чии потреби беше основан. За среќа КЦК има пријатели и во реалниот сектор, па овој период некако го преживеавме со спозорство од компанијата INS.
Но, со враќањето на Стевче на чело на општината се будат надежи дека КЦК повторно ќе биде препознаен како партнер од општината Карпош и дека ќе ја продолжи својата мисија за која беше основан во веќе далечната 2015 година.