Изминатиов викенд  од 04 – 06.05.2018 во Брисел се одржа „3та Scientix конференција “ за СТЕМ(наука, технологија, инжинерство, математика) образование во организација  на  European Schoolnet Academy , подржана од Европската комисија , програма Хоризонт 2020.

На конференцијата учествуваа повеќе од 350 наставници, професори, креатори на образовни политики, истражувачи од ширум Европа и околината. За време на тридневниот настан се одржаа  56 предавања, 20 презентации на проекти, 14 работилници, 6 тркалезни маси и 25 постер презентации. Во конкуренција од 100 апликации за постер презентација Претседателот на КЦК Блажевска  Александра  беше избрана во потесниот избор од 25 постери и имаше можност постерот на тема  „Учење хемија со примена на виртуелни лаборотории“ да го презентира пред учесниците. Исто така во завршната сесија  на конференцијата таа пред публиката го сподели своето искуство како Scientix Амбасадор. КЦК е горд на својот претседател и амбасадор. Ете нешто и во ЕУ нека научат од нас. Одиме понатаму!