Реализирајќи ја својата мисија да анимира и организира креативни ученици од општина Карпош, Креативниот центар Карпош – КЦК продолжи во 2019-та година со реализацијата на проектот „Зелени стапалчиња“. Оваа година КЦК ги координираше активностите за мотивирање на учениците за користење на еколошки превозни средства во сите 10 основни училишта на територија на општина Карпош.

Во проектот годинава беа вклучени 275 ученици од 5 одд. на возраст од (10-11) . Клучен период во реализација на проектот беше Неделата на мобилност во чии рамки училиштата организираа разновидни активности во периодот од 23.09- 29.09.2019. Во рамките на неделата на мобилност  сите ученици го евидентираа секое доаѓање и одење до училиште при што собраа и ги детектираа критичните точки на патот од училиштето до дома. Во рамки на неделата на мобилност учесниците во проектот собраа 2035 „Зелени стапалчиња“.

  • Проектот „Зелени стапалчиња“ чиј организатор е КЦК во континуитет продолжува да ја подигнува јавната свест кај граѓаните од сите урбани заедници на општина Карпош за неопходноста од заштита на животната средина преку промени во навиките во користењето на превозните средства.
  • Низ креативен ангажман преку различни видови на уметничко изразување, учениците – учесници во проектот своите искуства ги пренесуваат меѓу своите соученици, но и во своето семејство.
  • Општината Карпош ја препознава оваа активност како исклучително значајна и заради подигнување на нивото на безбедност кај децата во сообраќајот, како и заради создавање здрави навики кај децата за користење на превозни средства со кои нема да се загадува животната средина во општината.
  • Министерството за животна средина и просторно планирање повторно го поддржа проектот како алатка и модел кој може да се мултиплицира и применува во други средини низ државата.
  • Со своите содржини, бројот на учесници и видливите ефекти, проектот „Зелени стапалчиња“ и реализаторот КЦК,покажаа дека овој проект треба да прерасне во традиција која секоја година ќе треба да се реализира во општина Карпош заради обезбедување на континуитет и кај следните генерации.

Во продолжение се реализираните активностите кои се организираа во десетте основни училишта на територија на општина Карпош.

ООУ Јан Амос Коменски

Од ова училиште 26 ученици од петто одделение изработуваа знаменца со зелени стапалчиња со кои организираа марш во непосредната околина за да ја подигнат свеста кај граѓаните   за одење пеш. Исто така на сите автомобили пред училиштето поставуваа предупредувачки флаери за штетноста од возењето моторни возила и за полезноста од возење велосипеди. Учениците во училишниот двор организираа и ролеријада во која користејќи велосипеди, ролери и тротинети се забавуваа. Пишуваа и пораки на тема „Кога би бил Градоначалник ……“ како ќе ги мотивирам жителите за користат еколошки превозни средства.

ООУ Владо Тасевски

Во ова училиште кое се наоѓа во населбата Козле, 31 ученик црташе на тема еколошки превозни средства, а од своите цртежи потоа направија изложба. Исто така учениците правеа интервју со соседите на тема како да се подобри безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот. Планот е резултатите од интервјуто да му ги пренесат на градоначалникот на општината за време на средбата која ќе се реализира на крајот на проектот.

ООУ Братство

Во единственото мешано училиште на територија на општина Карпош, 38 ученици од македонска и албанска националност заедно соработуваа и се дружеа во изнаоѓањето решенија како да се зачува чистиот воздух и повеќе да се користат еколошки превозни средства. За таа цел изработија информативно пано со цртежи и пораки во училиштето за да ги потсетат родителите и соучениците за важноста од зачувувањето на чистиот воздух.

ООУ Христијан Тодоровски Карпош

Во населбата Карпош 1, 26 ученици од ова училиште секојдневно го следеа доаѓањето и одењето од училиште со цел да покажат низ личен пример како се користат еколошки превозни средства. Учесниците во проектот изработија мапа на критичните точки околу училиштето со цел да го информираат градоначалникот на општината и да станат активни граѓани во донесувањето на позитивни промени.

ООУ Лазо Трповски

31 ученик од ова училиште во населбата Карпош 3заедно истражуваа како да се зачува чистиот воздух, ги детектираа загадувачите во нивното опкружување и изработија дигитална сликовница  со која сакаат да ги потсетат институциите за важноста и потребата од чист воздух. Цртаа цртежи на тема чиста природа и изработија Lego – град од нивните фантазии исполнет со многу паркови богати со дрвја и зеленило.

ООУ Петар Поп Арсов

Од ова училиште во населбата Карпош 4, 29 ученици  покажаа како може да се направи одлична забава со ролери и велосипеди. Тие реализираа игри без граници во училишниот двор во кои се забавуваа и натпреваруваа. Дали беше забавно и интересно погледнете сами на следниов линк

ООУ Војдан Чернодрински

Дигитални цртежи на тема еколошки превозни средства изработија 22 ученика од ова училиште. Покрај тоа тие подготвија и флаери со предупредувачки пораки  и ги делеа на возачите на автомобили со цел кај нив да ја подигнат свеста за користење на еколошки превозни средства.

ООУ Димо Хаџи Димов

Во населбата Влае 22 ученика од ова училиште дискутитраа на тема климатски промени, изработија цртежи, направија информативно пано и подготвија изложба во училишниот хол. За да ги промовираат користењето на еколошки превоз (велосипеди, ролери, тротинети) учениците како завршна манифестација направија парада во училишниот двор.

ООУ Аврам Писевски

И конечно 23 ученика од урбаната заедница Бардовци твореа на тема „Ден без автомобили“, пишуваа текстови и песни цртаа цртежи, промовираа возење велосипед  и ролери во блиската околина и направија постер од своите активности во рамки на неделата на мобилност.

ЗАКЛУЧОЦИ