Кинестетичката училница на Креативниот центар Карпош оваа недела беше во ООУ „Вера Циривири – Трена“. Дури ни сликиве и видеата не можат целосно да ја доловат одушевеноста на децата од „одморот“ од часовите што им го организираа инструкторот Биљана и учителката Маја. Размрдувањата за концентрација, одржувањето на балоните со нозе, раце и глава во група, подавањето на топчиња наназад и тегнењето јаже се само дел од вежбите со кои учениците од трето одделение се релаксираа и си ги наполнија батериите за следните часови. Најпрво во училницата неколку минути, а потоа и во спортската сала имаше смеа, радост, ама и тага за тие што не победиле. На крајот низ разговор со тета Биљана децата сфатија како треба взаемно да се поддржуват, како да се солидарни, како да се упорни и вешти ако сакаат да победуваат. Така испразнети од тензија, а полни со нова енергија децата си се вратија на настава и лесно го дочекаа крајот на уште еден училишен ден. На здравје!