На 31.03 во Центарот за дизајн и роботика во ООУ “Братство” во Тафталиџе 2 кој е дел од Креативниот центар Карпош, се случуваше дизајнирање на ентериери. Десетина креативци-дизајнери прво цртаа тродимензионално соби, канцеларии, кујни, а потоа продолжија со изработка на макети. Ама пусто времето беше кратко, па си го замолија даскалот Томи за уште некој ден работа, како би си ги завршиле моделите. Па има ли нешто поубаво кога децата се “гладни”за уште работа и уште дружење. Ми останува само да им се поклинам и ним, но и на нивниот даскал и мотиватор. Браво!