Во рамки на Креативниот центар Карпош, Центарот за дизајн и роботика во ОУ “Братство” прими на гости ученици-креативци кои ги интересира графичкиот дизајн. Под “диригентската” палка на дизајнерот Томи, креативците имаа задачи да креираат логоа на ресторан, фабрика за автомобили и спортски клуб. И искрен да бидам, ич не беа лоши. Напротив. Во нивните творби дојдоа до израз и едноставноста, и смисолот за комбинација, но и пораките кон јавноста. За жал, овој пат имаше само 8 учесници од 3 училишта (во Карпош ги има 10). Штета. Можеби во петок на работилницата “Хемијата на пиротехниката” ќе има повеќе учесници. Ќе видиме…