Денес енергетските креативци од Креативниот центар Карпош беа гости во средното електро-техничко училиште “Михајло Пупин” во Гази Баба. Освен муабетите околу изворите на енергија, одржливиот развој и енергетската состојба во Македонија и во светот кои ги водеа со директорот Ефто, 18-те ученици од основните училишта во Карпош од страна на наставничката Анита беа запознаени со системот за користење на сончевата енергија во училиштето. Тој е инсталиран во Кабинетот за енергетска ефикасност каде што потоа креативците конструираа модели на ветерница и возило на соларен погон, како и една мини-метеоролошка станица под будното око на наставникот Јане и аниматорот Томи. На крајот некако им фалеше време за да се завршат сите работи. Следната дружба ќе биде наскоро кога учесниците на оваа работилница ќе ги посетат ветерниците во близината на Богданци. Дотогаш, штедете енергија. 😊