Во ООУ „Димо Хаџи Димов“ на се одржа работилница на тема „Извори на енергија“ на која учествуваа 10-ина ученици од училиштата на територија на општина Карпош, а под менторство на големиот ентузијаст и наставник Проф. Јане Ангеловски придружуван од аниматорот Томислав Поповски. На почетокот чичко Зоки (професорот Зоран Поповски) си поразговара со младите енергетичари за тоа какви извори на енергија постојат, како Македонија се снабдува со енергија, како е во регионот, па и во светот. Зборуваа за термо, хидро и нуклеарни централи, ама и за алтернативни извори на енергија како што се сонцето, ветерот,  отпадот и т.н. По муабетот младите истражувачи од Креативниот центар Карпош – Центар за енергетска ефикасност и климатски промени конструираа модели на ветерница и хидроцентрала и неколку возила на соларен погон. Оваа приказна наскоро продолжува со делот за климатски промени. До следно видување.