Младите истражувачи од ООУ “Вера Циривири – Трена”, во пресрет на настанот “Ноември – Месец на науката”, ги проширија своите знаења и се подготвија за натпреварот преку посетата на Земјоделскиот факултет во Скопје на 02.11.2017 година. Учениците заедно со нивниот ментор ги посетија просториите на факултетот кадешто имаа дружба со професорите и студентите. Тие научија повеќе за ДНК, како да изолираат ДНК од банана и имаа можност самите да учествуваат во експериментирањето.