Членовите на Креативниот центар Карпош – центар за ракотворби кој се наоѓа во рамки на ООУ „Аврам Писевски“ ја сменија локацијата за работа и на 7.06.2017 година работеа во детскиот ликовен центар кој се наоѓа во зградата на Библиотеката „Другарче“ во близина на ТЦ „Лептокарија“. Овие десетина ракотворци полека се движат кон својата цел – ПРВАТА РЕЗБА. По цртањето скици, изработката на модели во гипс и пластелин, почнаа да учат како да го обработуваат дрвото. Меѓу нив ве се наѕираат извонредни таленти за оваа работа. Со нетрпени ја очекуваме нивната изложба на скици и првите резби. Во тоа неуморно ќе им помогнат неуморниот Хари Манчев и чичко Боби – претседателот на копаничарите на Македонија.