Учениците од Биолошкиот клуб во ООУ „Петар Поп Арсов“во соработка со Креативниот центар Карпош и Факултетот за Земјоделски науки и храна, на ден 11.11.2017 година ја посетија ботаничката лабораторија при факултетот. Двочасовната работилница под менторство на проф. Елизабета Мискоска Милевска им овозможи на учениците да се запознаат со основите на микроскопирањето.