Во рамките на фестивалот It is COOL to be STEM Младите креативци од Карпош, во средата 25.04.2018 ја разгледуваа минеролошката збирка при Институтот за Хемија при Приодно математичкиот факултет во Скопје. Се запознаа со проф. Д-р Петре Макрески кој ги запозна со богатиот свет на минерали во Република Македонија. Беше навистина забавно да се видат сите тие прекрасни кристали и минерали кои се пронајдени во република Македонија. Проф. Макрески исто така им ги претстави можностите кои ги нуди хемијата како наука и ги запозна со професиите поврзани со истатата.