На 23.04.2019, во центарот за екологија при ООУ „Јан Амос Коменски“, 20 ученици од 8-мо одд. од ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Владо Тасевски“ во рамки на фестивалот „It is COOL to be STEM 2“ решаваа хемиски проблеми во пекарницата. Учениците во улога на лаборанти решаваа проблеми од секојдневниот живот, користејќи ги знаењата стекнати на часовите по хeмија. Тие требаа да предложат едноставни тестови за докажување на неколкуте бели супстанци кои се користат во пекарата. Учењето хемија преку решавање проблеми од секојдневниот живот овозможува учениците полесно да разберат како можат да го искористат своето знаење и воедно да се мотивираат за изучување на природните науки. Интересна и забавна активност.