ВИРТУЕЛНА РАБОТИЛНИЦА

ПРИКАЗНИ ЗА ХРАНАТА

Сабота 5.06.2021 год. 10.15 – 11.00 часот

Драги ученици, драги наставници и љубители на науката,

По големиот интерес за претходната работилница Енергија – што, зошто, како, колку, каде… која се одржа на 29.05 (сабота), а на иницијативна на Центарот за храна во ООУ „В.Ц. Трена“ како дел од КЦК, Креативниот Центар Карпош организира нова работилница насловена како ПРИКАЗНИ ЗА ХРАНАТА.

Се надеваме дека и со оваа виртуелна работилница на крајот на учебната 2020/21 година ќе ја предизвикаме љубопитноста кај учениците, но и креативноста кај наставниците и останатите присутни.

Работилницата освен за учениците и наставниците, ќе биде отворена и за други заинтересирани, а е замислена како збир од мали приказни за производството и квалитетот на храната. Работилницата ќе се одвива по следниот распоред:

  • 15 Отварање – модератор Александра Блажевска – претседател на КЦК
  • 20 Храна – што, зошто и колку – Акад. Зоран Т. Поповски
  • 30 Како да провериме што јадеме, што пиеме? Акад. Зоран Т. Поповски
  • 40 Храна – како и каде – Наст. Дивна Карапанчева
  • 50 Учениците произведуваат храна – демонстрација – Наст. Дивна Карапанчева

Сите учесници кои би сакале активно да се вклучат во работилницата, Ве поттикнуваме да бидете дел од нашите активности. За таа цел е потребно да ги имате следните материјали:

  • памук
  • пластична чинија 
  • семиња од пченица или друго жито
  • чаша вода
  • едно пластично шише пресечено на половина 
  • дупнато капаче со протната врвка
  • малку почва
  • три зрна грав или некое друго семе
  • едно пластично шише со исечен страничен дел 
  • малку почва
  • семиња

      Во текот на работилницата ќе се запознаеме со приказни за храната, ќе имаме можност за заеднички активности и ќе Ви посочиме инспирации за изработка на ваша сопствена градина ова лето. Ве очекуваме на следниот линк

       

      Topic: КЦК работилница Приказни за храната 5.06.2021 во 10.15 часот

      Time: Jun 5, 2021 10:15 AM Warsaw

      Join Zoom Meeting

      https://us04web.zoom.us/j/77957089589?pwd=OFlsamMrRHV6WEhOemNWY09vM05pdz09

       

      Meeting ID: 779 5708 9589

      Passcode: dY7aap

       Секој кој сака да е дел од оваа мала сторија за храната организирана од страна на КЦК може да се вклучи н

      Ве очекуваме!

      КЦК тим