За жал, голем дел од Скопјани малку знаат за белите дробови на Скопје – за неговото височесто Водно, освен Пантелејмон, крст, жичара. За да не биде така и со учениците од општина Карпош, денес Креативниот центар Карпош организираше теренско истражување на Водно. Триесетина креативци од училиштата во Карпош “навигирани” од биолозите Бети, Кате и Зоки длабоко навлегоа во тајните што ги крие оваа наша убавица. Стотина видови растенија, десетина видови габи и неколку животинки влегоа во тефтерите и главите на овие млади ентузијасти. Како се викаат, за што можат да се користат, како се конзервираат и уште многу други работи. Покрај живиот свет, теренците слушнаа приказни за 41-от извор на вода на Водно, за водопадот Прскало, за местоположбата и неговите димензии… Сретнавме многу сограѓани кои си работеа, шетаа, одмараа. Едноставно – прекрасен ден. Но, Водно крие и многу други тајни. Затоа, до следно видување, наше Водно.