Осми јуни е историски ден за Центарот за храна кој се наоѓа во ООУ „Вера Циривири – Трена“, а е дел од Креативниот центар карпош. Имено, на тој ден младите производители на храна ги собраа првите плодови од својата работа. Во соработка со компанијата „Евгени“ и Земјоделскиот институт, а под будното око на бато Лазе и бато Томе и наставничката Дивна произведени се првите краставици и пиперки, додека за доматите уште малку ќе почекаме. Без хемиски средства уживавме во вкусот на НАШИОТ зеленчук. До година побериќетно.