Овој викенд во рамки на ООУ „Вера Циривири Трена“ во Центарот за контрола на храна се одржа втората работилница со наслов Хемиски состав на храната и со тоа се комплетираа активностите на овој центар за учебната година. Целта на овие работилници беше запознавање на заинтресираните ученици со основите на лабораториска работа и анализирање на макро и микронутриентите во храната. Првата работилница, на која учествуваа 18 ученика се состоеше од хемиски и биохемиски анализи на која што учениците докажуваа присуство на некои минерални материи, витамини и јаглехидрати (во компир, јаболка, желатин, житарици, витамински таблети итн.).
На втората работилница која се одржа на 27.05.2017 учениците продолжија со лабораториската работа, но овој пат со анализа на протеини и масти во храната, а за финале со изолација на ДНК од банана која беше најинтригантна за ученицте. На овие работилници учениците учествуваа во преку 30 експерименти и дадоа позитивни критики за оджаните работилници.