На 22.04. во саботата беше одржана Првата работилница за копаничарство во Центарот за ракотворби кој се наоѓа во ООУ,,Аврам Писевски“- Бардовци. Присутните 15 млади резбари ги поздрави г-ѓа Марина Милеска, директорка на ООУ,,Аврам Писевски“ и им посака успех во совладувањето тајните на копаничарството. Од почетокот на работилницата беше присутен и проф. д-р. Зоран Т. Поповски, координатор на Креативниот центар Карпош кој ги поздрави и ги охрабри да бидат истрајни во изучувањето на резбата-копаничарството и дека во текот на летото ќе се организира детска колонија за заинтересираните ученици. Потоа резбарите цртаа на хартија скици во молив, како идејни решенија за изработка на резба. Додека младите креативци цртаа, искусниот резбар Борис Попев-Боби им демонстрираше како се создава резбата. По направените скици, чичко Хари им овозможи да пробаат д обработуваат една пењушка со длето и чекан. Следниот пат очекуваме конечен производ.