Овој викенд во низата работилници кои се организираа во рамки на Центарот за дизајн и роботика во ООУ „Братство“ на ред дојдоа работилниците за автодизајнирање и за роботика. За жал повторно организаторот и аниматорот Томи се соочи со мал број на учесници и тоа за првата 8 ученици, а за втората 4. Неразбирливо е зошто училиштата им ускратуват можност на некои ученици да се занимаваат со тоа што ги инетерсира. А сигурно има повеќе од 12 заинтересирани за овие две интересни работилници помеѓу илјадниците ученици во 10-те училишта на територија на општина Карпош. Но, како и да е, овде се работеше по принципот „кој дошол, добро дошол“. На 13 мај младите дизајнери го поминаа процесот на цртање на автомобил во перспектива и дизајнираа некои елементи од ентериерот на колите. Во неделата на 14 мај младите роботичари конструираа кран кој можеше да се контролира со далечинско, а потоа конструираа соларен автомобил. Веројатно некои од нив веќе си ја избрале идната професија. Нека им е со среќа!