Една од клучните цели на КЦК е и подигнувањето на нивото на знаење и вештини кај наставниот кадар во општина Карпош, а преку тоа осовременување на наставата во основните училишта чиј основач е општината.
Во тој смисол деновиве се одржа обука за примена на дигиталните алатки во наставата и за примена на искуството од STEM предметите
Обуката се одржа во ООУ “Јан Амос Коменски” и на неа учествуваа 26 наставници од училиштата во Карпош.
Организатори на оваа обука беа КЦК и SCIENTIX, односно Александра Блажевска- амбасадор на Scientix во Македонија и претседателка на КЦК и основачот на КЦК, проф. д-р Зоран Поповски.
На почетокот тој ги запозна присутните со историјатот и мисијата на КЦК, а потоа сподели искуства кои се однесуваа на потребата од лична интеракција во наставата, доживувањето на часот како претстава, потребата за учење надвор од институциите (outdoor teaching) и т.н.
Во продолжение Александра ги воведе присутните во светот на SCIENTIX, алатките на STEM платформата и учеството на Македонија и КЦК во традиционалната STEM discovery week која се одржува во април.
Понатаму присутните беа запознаени со софтвери и други алатки кои може да се применат во наставата.
Со овој настан КЦК ја завршува оваа година во делот на обука на наставниците кои преку анкетата изразија висок степен на задоволство од оваа обука од која учесниците добија сертификати. Одиме понатаму.
