ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ СО ВИРТУЕЛНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ:

ШТО ЈАДЕМЕ ШТО ПИЕМЕ?

 

Откако минатата недела online се забавувавме со експериментите и магиите на нашиот професор Мето кои ги изведуваше во лабораторијата и амфитеатарот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, оваа сабота КЦК беше гостин во Лабораторијата за биохемија и молекуларна биологија при Факултетот за земјоделски науки и храна.

Овој пат батко Томе и чичко Зоран на присутните на ZOOM сесијата им открија дел од тајните како се контролира составот и квалитетот на водата што ја пиеме и храната што ја јадеме. При тоа беше демонстрирано како се проверува дали и колку водата е хлорирана и дали е контаминирана со органски материи, додека во храната се докажуваа различни состојки како витамин С, скроб, гликоза, холестерол и други соединенија.

Свесни сме дека работата во живо и изведувањето на овие експерименти од страна на младите креативци во соработка со нашите денешни домаќини е многу подобро, ама сепак подобро нешто отколку ништо. КЦК не смее да застане. Одиме понатаму.