На 14 октомври започна со работа и Центарот за зоологија кој се наоѓа во ООУ „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3. Првата работилница на овој центар се одржа во Скопската зоолошка градина каде што 24 ученици од неколку училишта од општина Карпош водени од наставничата Даниела Радеска му беа гости на директорот Јорданчо Милошески.

Чичко Јоцо се покажа како голем пријател на КЦК раскажувајќи им бројни интересни приказни за жителите на градината, но и за еволуцијата на животните, нивните природни станишта и т.н. Сето ова на младите зоолози од КЦК им беше „сервирано“ во едукативниот центар на Зоолочката градина каде и се одржа оваа работилница.

Покрај приказните за животните и посетата на нивните живеалишта, беше договорено во иднина Зоолошката градина да додели мал простор во кој ќе бидат сместени домашни миленичиња за кои органзирана грижа ќе водат членовите не КЦК. За возврат, членовите на КЦК по претходна обука ќе бидат вклучени во зоо-патроли во рамките на градината, заради заштита на животните, но и заради подигнување на јавната свест за подобрување на нивната благосостојба.

Покрај ова, во ООУ „Лазо Трповски“ ќе се организира посебна лабораторија за анализа на животните и тоа преку микроскопски препарати, дисекции, препарирања на животни и т.н.

Е па нека е со среќа наши млади зоолози, а тебе чичко Јоцо Ти посакуваме и понатамошно успешно раководење на Зоолошката градина како што тоа си го правел и досега.

До скоро видување!