Учениците од десетте општински училишта, учесници во проектот Зелени стапалчиња беа на средба со градоначалникот на општина Карпош на која има можност да ги презентираат резултатите од активноста „Детективи на патот“. При тоа, тие му укажаа на градоначалникот со какви проблеми се соочуваат на патот од домот до училиштето и изразија задоволство за подобрената сообраќајна безбедност околу училиштата. Од градоначалникот добија ветување дека општината ќе се потруди да ги отстрани сите забелешки кои ги споменаа и воедно им се заблагодари што му помагаат во неговата работа на начин што детекктираат и го известуваат за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на нашата општина Карпош. Истовремено на денешната средба беа доделени и сертификатите за учество во проектот како и симболични награди (маички, капи и тефтерчиња). За својот посебен придоенс во оваа акција училиштата Петар Поп Арсов, Вера Циривири Трена и Јан Амос Коменски добија службени велосипеди.