Оваа сабота, младите истражувачи од основните училишта на Општина Карпош учествуваа на работилницата  во Центарот за ботаника и микологија во рамки на ООУ „Петар Поп Арсов“. Тука тие се запознаа со основите на микроскопирање и изработуваа микроскопски препарати од кромид, морков, грав, компир и други растенија кои ги набљудуваа, скицираа и дискутираа.