Во новото полугодие Креативниот центар Карпош продолжува со својата мисија да создава услови за работа со талентирани и заинтересирани ученици за занимавање со истражувачка работа. Денес во Центарот за ботаника и микологија при ООУ “Петар Поп-Арсов” гостуваше Д-р Катерина Русевска од Миколошката лабораторија при ПМФ. Нејзини домаќини беа 23 ученици од училиштата во Карпош и наставничата Олгица Бајалџиева. После информативниот вовед за видовите габи, нивната репродукција, употреба и значење, креативците се запознаа со најчестите габи во Македонија, а подготвија и микроскопски препарати. Во паузите разговараа за јадливите и отровните печурки, и на крајот се договорија штом дојде пролетта да ги посетат габите во природа. Како и да е, според кажувањата на учесниците – прекрасно поминати три часа во дружење со науката. Одиме понатаму.