Раболтилницата „Тајните на водата“ се реализираше од 16-19.05.2017  и имаше еден сеопфатен пристап во развивањето на СТЕМ компетенциите. Првиот дел од работилницата се реализираше со посета на Центарот за санитарна контрола при ЈП „Водовод“ каде учениците имаа можност да се запознаат со условите и начинот на работа во лаборaторија како и да добијат информации  за професионалниот животен пат на хемиските инженери и лаборанти кои работат во оваа лаборотaрија. Вториот дел од работилницата се реализираше во центарот за Еколoгија при ООУ Јан Амос Коменски, каде учениците имаа можност да спроведат научно истражување  во сите негови елементи  како и да практикуваат лабороториска работа. Истражувањето се однесуваше на апсорпција на вода  од различни видови на хидрогели. Учениците правеа план за истражувањето потоа самостојно да го реализираат при што имаа можност да мерат маса на вага и да мерат волумен со различни лабораториски  прибор ( чаша, мензура, пипета). Третиот дел од работилницата беше реализиран во ООУ Јан Амос Коменски. Овој дел беше всушност спроведување на една европска иницијатива Bring professionals back to school за мотивирање на учениците за СТЕМ образование. За оваа цел беше поканет проф. Оливер Зајков од Природно математичкиот факултет, Институт за физика, кој го презентира својот професионален пат. Во овој дел учениците имаа можност непосредно да комуницираат со професорот и да се запознаат со придобивките од изучувањето на СТЕМ предметите.